Bds Kariera so nas

Ефективност, ефикасност и економичност "3-E"

Балкан Деливери Сервис е специјализирана пошта за достава на правни предмети. Како лиценцирана професионална пошта и како давател на административни услуги на територија на Република Македонија, доставата ја извршуваме со голема ефективност, ефикасност и економичност кои што не издвојуваат од останатите.

Одличниот менаџмет, координација и организација ни овозможуваат транспарентно и навремено вршење на доставата со рационално користење на ресурсите и времето.

Посветувањето на огромно внимание и прецизност на секоја индивидуална пратка е од голема важност и значење за нас кое дополнително го потврдува нашето лидерство на високо-конкурентскиот пазар.

Принципот единствена пратка-единствен бар код, како и можноста за следењето на пратките во секој момент преку современ модерен систем и технологија Ви овозможуваат ажурна, уредна, економична и врвна услуга .

Зошто Балкан Деливери Сервис?

БДС нуди највисоко ниво на услуги, технички, организациски и кадровски оспособено, нудејќи голема точност, ажурност, сеопфатност и флексибилност.

Ние сме специјализирани и активни учесници на високо-конкурентскиот пазар и нудиме услуга со врвен светски квалитет.

Вашите цели и потреби ги реализираме преку принципот на планирање, организирање, управување и раководење, координирање и контролирање.

Нашата задача започнува од моментот на непосредно подигнување на правните документи од кај Вас, па потоа следи нивно пакување, средување и подготвување за достава во истиот или најдоцна следниот ден и на крај Ви ги доставуваме Вашите правни документи, доставници, спецификации, извештаи и пратки директно до Вас.

Ви нудиме беспрекорна и брза услуга, со високо ниво на безбедност и заштита на личните податоци, како и можност за советување и консултирање во врска со правниот процес.

Мисија и Визија

Мисија

  • Мисијата на БДС е да овозможи директна, брза, навремена и економична достава на правните пратки, преземајќи ги директно од испраќачот и доставувајќи ги непосредно до примателот притоа гарантирајќи безбедност, сигурност и заштита на личните податоци.
  • Визија

  • Лидер на пазарот за поштенски улуги и одржување на стабилност во услови на динамична и променлива бизнис околина. Активно следење и адаптирање на промените на пазарот како и прифаќање на секој нов предизвик.

Нешто повеќе за нас

Нашиот тим

Услугата која што Ви ја нудиме, ја извршува тим од високо-професионално обучен стручен кадар. Се посветува големо внимание на развој, дообучување и надоградување на човечките ресурси, секогаш во чекор со промените на пазарот. Загарантираната успешност Ви ја обезбедуваме со огромно задоволство и љубезност. Нашите вработени својата работа секогаш ја извршуваат со големо ниво на ентузијазам, посветеност, страст, како и со несебичен екстра напор.

Администратори

Нашите претставници пред клиентите и соработниците се нашите администратори. Високо образовани, посветени, флексибилни, позитивни и тимски работници, кои секогаш се во чекор со промените на конкурентскиот пазар. Постојано работиме на процесот на едуцирање и доусовршување на нашите администратори со цел да се постигне највисоко ниво на успешност и да се задоволат Вашите барања и цели. Се посветува големо внимание на личен и професионален развој на администраторите и голем акцент се става на принципот доживотно учење и усовршување. Администраторите се во непосреден контакт со доставувачите и ја планираат, организираат, координираат, насочуваат и контролираат работата на истите.

Доставувачи

БДС може да се пофали со одличен и беспрекорен тим на доставувачи како најважна алка на целиот синџир на достава. Тимот се состои од лојални, чесни, совесни, доверливи, флексибилни, посветени доставувачи, секогаш со позитивен став, тимска работа, енергичност и љубезност и што е најважно пред се, се карактеризираат со високо ниво на професионалност. Располагаат со огромно искуство во работата како и со одлично познавање на целата територија на Република Македонија што е од голема важност за оваа дејност.

Сениор Супервизори

Сениор супервизорите се грижат работата да биде извршена непречено и во соодветен баран рок. Тие се одговорни за координирање, контролирање и менаџирање на работата на БДС на регионално ниво.

Успешност и продуктивност

Ако некогаш во деловниот свет, ефективноста, ефикасноста и економичноста беа невозможни да се постигнат во исто време, денес во услови на едно брзо, динамично и напредно општество успеавме да ја постигнеме некогаш недостижната цел.
Смислата на постоење и функционирање на секој бизнис е задоволување на потребите и барањата на клиентите и потрошувачите. БДС Ви го овозможува сето ова и притоа се раководи по принципот на најрационално искористување на сите ресурси, најсоодветна алокација на истите како и минимизирање на Вашиот опортунитетен трошок.

Посветеност, доверливост и лојалност

Вашите барања и потреби ги исполнуваме со највисок степен на сериозност и посветеност. Податоците и документите се обработувани од страна на компетентни и стручни лица, кои посветуваат соодветно внимание и време на секоја пратка посебно. Ви гарантираме максимална доверливост и заштита на податоците од чувствителен карактер.

Секогаш на Ваше располагање

Нашата понуда зависи од Вашата побарувачка. Секогаш сме отворени за соработка и прифаќање на нови предизвици како и креирање на индивидулна понуда за секој индивидуален клиент. Нашата цел е задоволување на Вашите потреби, додека пак Вашата доверба е од круцијално значење за нас.

Имплементирањето на современа технологија и модерен начин на достава сведочат за нашата стручност и компетентност.

Располагаме со модерен систем за соодветно наоѓање и исцртување на адресите кој дополнително го олеснува начинот на достава. Имаме увид во движењето на пратките и документите од моментот на подигнувањето на истите од Вашите канцеларии па се до моментот на успешно завршување и враќање на истите кај Вас. Пратките ги следиме преку принципот на единствена пратка-единствен бар код, кој ги дефинира диферентноста и специфичноста на секоја пратка посебно.

Соработка

Нашата услуга Ви стои на располагање во секој момент по потпишувањето на договорот за соработка. Се што треба да направите е да ни се јавите на нашиот телефонски број 02/511-3713 или e-mail office@bds.mk и веднаш ќе бидете поврзани со стручно лице кое ќе Ви објасни се што е потребно. Секој наш задоволен клиент е потврда за нашето лидерство и нашата конкурентност на брзиот и динамичен пазар.