Bds Kariera so nas

БДС ги пружа следните поштенски услуги:

  • Превземање на пратки од адреса на Клиентот (Испраќач/Нарачател) со адресница;
  • Превземање на писма од адреса на Клиентот (Испраќач/Нарачател) со пополнет Образец за испраќање на повеќе писма од еден испраќач (приемна книга);
  • Превоз на пратките со приемна архивска адресница;
  • Обработка на писма, обични или препорачни, со посебен број и можност за електронско пратење на процес на достава
  • Достава на пратките заедно со финална адресница до адресата на Примачот;
  • Достава на обични/препорачани писма без/со финална адресница до адресата на Примачот

БДС ги врши следните видови на достави на поштенски пратки:

  • Обични
  • Препорачани со лична достава
  • Препорачани со достава определена со закон

Секој работен ден од 08:00 часот до 18:00 часот; Сабота од 08:00 часот до 16:00 часот

  • 2 (два) часа од најавата, за превземање на подготвена пратка од адреса во Скопје;
  • најдоцна 4 (четири) часа од најавата, за превземање на подготвена пратка од адреса надвор од тесното градско подрачје на Скопје;
  • Превземањето на пратката се врши со адресница во која Клиентот со кирилско писмо на читлив начин ги внесува следните податоци: името и презимето односно називот на испраќачот и целосната адреса односно седиште; име и презиме односно називот на примачот; целосната адреса/седиште на примачот и поштенски број и име на местото.
  • По пополнувањето на адресницата, БДС посебно го наведува видот на пратката, нејзината тежина , датумот и часот на превземање.
  • За успешна достава на секое писмо неопходни се следниве податоци:

1. Име и Презиме или Назив на Фирма
2. Адреса
3. Поштенски број и Град

Следниот ден од 09:00 часот до 17:00 часот - за пратка која треба да се достави во Скопје. Доколку Клиентот (Нарачателот/Испраќачот) најавата на пратката ја направи по 18:00 часот во тековниот работен ден или по 16:00 часот во сабота, како ден на најава на предметната пратка ќе се смета следниот работен ден, односно, понеделник, од кога за БДС започнуваат да течат роковите за достава на адресата на примачот.

НАПОМЕНА:
Во роковите не се засметуваат: недела, празници или други неработни денови; времето на доцнење поради неточна или непотполна адреса и времето на доцнење поради виша сила или околности за кои БДС не одговара. Доколку писмата пристигнат во седиштето на БДС до 12:00 часот истите ќе бидат обработени во тековниот ден и ќе бидат подготвени за достава наредниот ден. Доколку пратките пристигнат во базата по 12:00 часот ќе бидат подготвени за испорака по два дена.

Плаќањето на услугите на БДС ДОО Скопје се врши по цени утврдени со објавениот Ценовник на Операторот.

1. Клиентот се обврзува уредно и навремено да му го плаќа на Давателот на услугите надоместокот за реализираните поштенски услуги во согласност со ценовникот на БДС

2. Клиентот има обврска да го почитува начинот и времето на најава на пратка.

3. Должност на клиентот е соодветно да ја заштити содржината на пратката како би се отстранила секаква опасност од нејзино оштетување односно, целосно да ја подготви пратката за нејзино превземање од страна на Давателот на услугите.

4. Клиентот сноси целосна одговорност за евентуална штета која би можела да настане за Давателот на услугите; на останатите пратки кои ги превезува Давателот на услугите и спрема трети лица, доколку до нејзино настапување дојде од причина што пратката да содржи предмети кои се забранети со закон и/или Клиентот не ја испочитувал постапката и начинот за пакување на пратката на начин како утврдено со овој договор.

5. Независно како е договорено помеѓу Клиентот (Испраќач/Нарачател) и Примачот, плаќањето на поштарината и останатите услуги согласно овој договор, е исклучива обврска на Клиентот (Испраќач/Нарачател).

6. Клиентот има право во секое време да биде информиран за евентуална промена на условите од овој договор.

1.БДС уредно, навремено, совесно и професионално врши преземање, превоз и достава на пратките во Скопје.

2. БДС има обврска пратките да ги доставува во утврдениот рок, а во случај на постоење на околности за пролонгирање на рокот за достава на пратката должен е веднаш да го извести Клиентот.

3. Доколку при обид за достава на предметна пратка примачот не се затекне на наведената адреса, БДС ќе остави писмено известување во кое ќе биде наведено дека на соодветниот датум е извршен обид за достава на пратка и телефонски број на кој примачот може да се обрати со цел добивање на информација за подигање/достава на пратката.

4. По пристигнувањето на пратките се прави проверка на бројот на пратки и податоците назначени на самите пратки, дали соодветствуваат со податоците во образецот , се обработуваат според барањата на испраќачот и се внесуваат во системот на БДС.

5. БДС има обврска да обезбеди неповредливост на тајноста на пратките на Клиентот. На БДС му е забрането: неовластено дознавање на содржината на пратките; отворање, задржување или одземање на содржината на пратките (освен во случаи определени со закон) и предавање на пратките или соопштување на нивната содржина на неовластени лица.

6. БДС одговара за секое оштетување на пратка од денот на превземањето на пратката од Клиентот до денот на доставата на пратката на примачот, за пробивање на рокот за достава на пратката до примачот, како и за евентуално загубување на пратката, освен во следните случаи:

  • до оштетување или загубување на пратката дојде како последица на на виша сила односно настапување на околности кои БДС ДОО не можел да ги предвиди или отстрани;
  • до доцнење со достава на пратката во рокот, недоставување или доставување на пратката на лице кое не е примач на пратката, дојде како последица на неточна адреса или непотполни податоци за примачот;
  • пратката е одземена или уништена од страна на надлежен орган поради тоа што истата содржи забранети супстанци или предмети;
  • пратката е оштетена или непотполна во моментот на нејзиното превземање од Клиентот и примачот ја прими пратката без било какви приговори;
  • Клиентот не направил рекламација во утврдениот рок;
  • Клиентот не ја испочитувал постапката и начинот на пакување на пратката;
  • Доколку при превозот на пратката дојде до оштетување на амбалажата, но не и на содржината на пратката.

7. Одговорноста на БДС е ограничена исклучиво на физичко губење на пратка или оштетување на пратка. Одговорноста за било каков друг вид на загуба за Клиентот (особено: загубена заработувачка, испуштена корист, камата, деловен потфат или работа) независно дали таквата загуба или штета е директна или индиректна - е исклучена, дури и во случај БДС ДОО да е опоменат на таков ризик при превземањето на пратката имајќи го во предвид фактот дека Клиентот (Испраќачот/Нарачателот) има право на свој трошок да се осигура од посебни ризици.

8. БДС има право да одбие превземање на пратка доколку и покрај професионално и навремено вршење на услугите постои веројатност предметната пратка да не може да биде биде превезена и доставена до примачот, доколку пратката не е запакувана соодветно и уредно, превозната документација е непотполна, нечитлива или оштетена.

9. БДС не врши услуги на превоз и достава на храна, мебел и документи кои се доставуваат во рок утврден од страна на трет субјект и се однесуваат на аплицирање на конкурс, оглас или слично, а од чие евентуално доцнење во доставувањето зависи стекнување, губење, менување на некое лично право или бизнис потфат на Клиентот.

Примачот или друго овластено лице има обврска на вообичаен начин да ја прегледа пратката која му е доставена за прием и за евентуалните недостатоци (оштетување или намалување на нејзината содржина) веднаш, односно во моментот на приемот на пратката, доколку постои видливо оштетување намалување на вредноста на нејзината содржина, да го извести овластениот претставник на БДС ДОО, а најдоцна во рок од 24 часа од приемот на пратката, доколку оштетувањето не е видливо однадвор, под услов: Примачот да докаже дека оштетувањето/намалувањето на вредноста на содржината на пратката настанало пред нејзиното врачување.

Исто така, право на приговор има и испраќачот, доколку се сомнева дека пратката не е доставена или е доставена со задоцнување, на начин и услови предвидени во Законот за поштенски услуги.

Рекламација поднесена откако пратката е вообичаено прегледана и примена, односно по истекот на рокот од 24 часа, не се прифаќа.

Писмен приговор (во случај на сомневање дека пратката не е доставена или е доставена со задоцнување) се поднесува во рок од 3 (три) месеци од денот на превземањето на пратката.

Лицето кое го поднесува приговорот има обврска да ги достави сите докази врз основа на кои го истакнува приговорот.

БДС ДОО ќе се произнесе по однос на рекламација односно приговор најдоцна во рок од 30 дена, од денот на приемот на рекламацијата.

Вашите рекламации/ приговори испратете ги на нашиот маил reklamacii@bds.mk